Ваш пријател и партнер од 1990

Лиценца Б ISO9001 ISO14001

Услуги

БИГМАК врши монтажа со стручни мобилни екипи кои изведуваат монтирање на кровови од пластифициран, алуминиумски и поцинкуван лим, комплет со сите врзани елементи, олуци и опшивки.

БИГМАК врши сечење и монтажа на кровни и фасадни ПАНЕЛИ, како и монтажа на соларни панели.

Надолжно сечење на лим (слитување) до дебелина од 2 mm и ширини на ленти дадени од нарачателот.

  • Максимална дебелина на лимот 2mm
  • Минимална ширина на исечената лента е 70mm
  • Толеранција при сечењето од +/- 0.5mm
  • Максимална ширина на лимот 1250mm
  • Минимален влезен внатрешен пречник на лимот ϕ 400mm
  • Излезен внатрешен пречник на лимот ϕ 500 - ϕ 550mm
  • Максимална тежина на влезниот котур 8000kg

Монтажа на челични конструкции, вентилација, изолација, гипс картон плочи и друго.

БИГМАК поставува ФИЛЦ-антикондензант платно на лимовите со машинско лепење.

Нашиот машински парк

  • Roll forming машина

    Roll forming машина со два БИГМАK профила TR 32/198 и TR 17/138, на која може да се врши профилирање на сите лимови на неограничена должина со точност во дел од милиметарот. Бојата на лимот е по изборот на нарачателот.

  • Roll forming машина 1

    НОВА Roll forming машина со профил на БИМГМАК ТR 4/75 за профилињане на лимот во неограничени должини по желба на нарачателот.


  • ФИЛЦ-антикондензант платно

    БИГМАК поставува ФИЛЦ-антикондензант платно на лимовите со машинско лепење.



  • Апканти

    Апканти за изработка на лимена галерија:олуци, слемиња, ветерлајсни, иксни и други елементи од лим до 8 метра.

  • Roll forming машина 2

    Roll forming машина за изработка на UD, CD, UW и CW профили за поконструкција на гипс картон плочи и други елементи за сува градба.

  • Машина за слитување

    Машина за надолжно сечење на лим (слитување) до дебелина од 2 mm и ширини на ленти дадени од нарачателот.